Услови за користење

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на Викторија и Вероника увоз-извоз Дооел- Скопје и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Викторија  и Вероника Дооел- Скопје ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

ЕДБ 4030006575650
М.Б. 6065732

sofilandmacedonia@gmail.com

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Викторија и Вероника увоз- извоз Дооел Скопје ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Викторија и Вероника Дооел- Скопје не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Викторија и Вероника увоз-извоз Дооел Скопје ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Викторија и Вероника Дооел- Скопје за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку  Карго Експрес на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цена на производот.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
 
Викторија и Вероника  Дооел Скопје ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. Исто така доколку купувачот од било која причина не е задоволен со испорачаниот производ, истиот може без наведување на образложенија, да се замени или врати во замена за пари во рок од 30 дена од денот на примање на производот. Се што е потребно е во рок од 30 дена, купувачот да го испрати на сопствен трошок или донесе дирекно во продавница купениот производ заедно со копија од сметката. Исто така производот треба да е неоштетен и некористен со соодветна прикачена декларација.

 

За нас

Продавницата за детска облека Софиленд своите корени ги влече уште од 2006 година, а се наоѓа во трговскиот Т.Ц. Лептокарија - Скопје.

Облеката се увезува од САД, од реномираните детски брендови : Children's Place, Carters, Osh Kosh, GAP и др. Асортиманот постојано се проширува, а ги опфаќа децата од 0-16 год.

Читај повеќе..

Контакт

  • 02/3077238
  • sofilandmacedonia@gmail.com

Facebook

sofiland.mk © 2021. UKION SHOPS