Информации за испорака

 

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р. Македонија и тоа само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како преземач на нарачката од страна на Купувачот.

Испораката се наплаќа во зависност од висинита на износот на нарачката, односно максимум до 180 денари, бидејки испораките во вредност од над 3000 денари се на наш трошок.

Преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување валиден документ за лична идентификација.

Испораката на нарачките ќе се врши преку доставната фирма ( Карго Експрес ) која има обврска да го контактира Купувачот за да се договори точното време на испорака. Доколку испораката е во Скопје и околината, доставата пристига во рок од 24 часа, а за останатите градови во Македонија е од 3  до 5 дена. Курирот ја доставува пратката до одредената адреса во период од 8 до 16 часот.

Доколку доставувачот не успее да го најде Купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, пратката ќе биде задржана во седиштето од карго фирмата во соодветниот град, каде што Купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на нарачката на адресата на Купувачот.

Доколку Купувачот не се јави во продолжениот рок од 2 дена, Викторија и Вероника увоз-изоз ДООЕЛ -Скопје има потполно право да го задржи производот, а купувачот ги сносува сите трошоци за доставата.

 

 

 

За нас

Продавницата за детска облека Софиленд своите корени ги влече уште од 2006 година, а се наоѓа во трговскиот Т.Ц. Лептокарија - Скопје.

Облеката се увезува од САД, од реномираните детски брендови : Children's Place, Carters, Osh Kosh, GAP и др. Асортиманот постојано се проширува, а ги опфаќа децата од 0-16 год.

Читај повеќе..

Контакт

  • 02/3077238
  • sofilandmacedonia@gmail.com

Facebook

sofiland.mk © 2021. UKION SHOPS