Продавницата за детска облека Софиленд своите корени ги влече уште од 2006 година, а се наоѓа во трговскиот Т.Ц. Лептокарија - Скопје.
Облеката се увезува од САД, од реномираните детски брендови : Children's Place, Carters, Osh Kosh, GAP и др. Асортиманот постојано се проширува, а ги опфаќа децата од 0-16 год. Со тек на годините Софиленд стана синоним за квалитетна детска облека која ги следи модните трендови, а знак за препознавање е интензивниот колорит на кој позитивно реагираат и оние на кои им е наменета облеката, децата.
Идејата за Софиленд се роди со раѓањето на една Софија....
Таа беше долго очекувана и посакувана пред се од мајка и, но исто така и од тетка и, која тогаш живееше во САД. Од денот кога Софија се појави на овој свет, нејзината тетка постојано и праќаше пакети со детска облека. Софија беше забалежувана секаде каде што ќе се појавеше и тоа токму поради грижливо и со љубов одбраната облека. Така добивајќи многу позитивни реакции, двете сестри мајката на Софија, Викторија и тетка и Вероника, решаваат да започнат фамилјарен бизнис. И така почна нашата приказна.....
Сега Софија е голема девојка, која и понатаму плени каде и да се појави, а облеката за Софиленд и понатаму се одбира со истата посветеност и љубов веќе полни 14 години.
Во последно време, заради олеснување на динамичното секојдневие, тимот на Софиленд реши да работи и со Online нарачки. Услугата е професионална, а доставата навремена.
Како и секогаш, Софиленд се и ќе се труди и успее да Ви одговори на вашите желби и потреби.
Со љубов,
Тим Софиленд
Викторија и Вероника Дооел- Скопје
ЕДБ 4030006575650
М.Б. 6065732
sofilandmk@yahoo.com
02/3077238
Продавницата за детска облека Софиленд своите корени ги влече уште од 2006 година, а се наоѓа во трговскиот Т.Ц. Лептокарија - Скопје.
Облеката се увезува од САД, од реномираните детски брендови : Children's Place, Carters, Osh Kosh, GAP и др. Асортиманот постојано се проширува, а ги опфаќа децата од 0-16 год.